La Reserve Hotel & Spa во Париз e избран за најдобар хотел во светот од страна на Conde Nast Traveler Magazine.

Во изминатите три децении, секоја година списанието бара од читателите да гласаат за најдобар хотел. Оваа година повеќе од 300.000 читатели гласаа за околу 7.320 хотели. Читателите ги оценуваа собите, услугата, храната, дизајнот и другите вредности на хотелот. Овој хотел доби највисоки оценки во секоја категорија.

Хотелот беше отворен во 2015 година и брзо стана познат во таа гранка. Според списанието, зградата првично била наменета за полубратот на Наполеон II. Подоцна зградата станала станбена. Денес, гостите на хотелот можат да уживаат во декораците од 19 век, со камин од мермер и прекрасен мебел.Хотелот поседува богата библиотека.
Хотелот располага со 26 апартмани и 14 соби, со сопствен батлер. Неговата цел е да ви помогне во сè – од пакување до полнење на кадата. Гостите можат постојано да го контактираат батлерот и тој е одговорен да ви го направи пријатен престојот во хотелот.

Основачите на хотелот веруваат дека гостите треба да добијат се што сакаат за време на нивниот престој. Кога станува збор за храна, тие немаат мени, па можете да нарачате што сакате да јадете во секое време од денот или ноќта.

Ресторанот во хотелот доби 2 Michelin ѕвезди, само една година по отворањето. Нуди француска и јапонска кујна. Друг ресторан во хотелот нуди јадења подготвени со сезонска храна. Гости ќе потрошат најмалку 70 евра по оброк.

Хотелот има многу “врски” за да обезбеди уникатни тури за своите гости кои не се достапни за секого.

Во спа центарот ќе најдете само стучни лица.

Хотелот нуди неколку видови на масажи, можете да се одморате крај базенот или да го посетите фитнес-центарот. Сето тоа е достапно 24 часа.

СПОДЕЛИ
Претходна објава4 Најпопуларни бради оваа зима!
Следна објаваЗаедничките елементи на архитектурата и модата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР