Уметноста понекогаш може да ги направи луѓето да се чувствуваат неудобно, но не и се’ што прави да се чувствуваме неудобро се квалификува како уметност – вака започнува рецензијата објавена на The Guardian, за едно потресно сведоштво од дом за деца до дом за стари лица, со наслов „Бело на црно“ со потпис на авторот Рубен Гаљего.

Грубо напишана и фрустрирачки структуирана се коментарите на пошироката литературна јавност, со изговор дека автобиографските крвави книги не внимаваат на правопис, туку на емоција. Во самиот предговор, авторот ја одбранува вистинитоста на оваа сторија, истовремено признавајќи ја сопствената пристрасност при раскажување на истата. Гаљего е роден со церебрална парализа, каде подоцна во животот може да го користи својот лев показалец за да ги притисне типките на тастатурата.



Книгата стартува со следново:
„Јас сум херој. Лесно е да се биде херој. Ако немате раце или нозе, или сте херој или сте мртов.“ – иако со ваквиот став не му носи популарност во домот за деца, кадешто е оставен од неговата мајка. Извонредно е сведоштвото како се одвива животот во руските институции под вакви услови. Впрочем, целата книга се сведува на серија вињети, кој не се секогаш во прво лице. Она што Гаљего го прави умешен во способноста да му влезе на читателот под кожа е сочувството со оние кои се среќни со самите себе, што е релативно редок квалитет на карактерот. На моменти, делува разочарувачки на читателот – но, истиот тој читател лесно може да заклучи дека авторот и главен протагонист во оваа вистинска приказна успева да се трансформира од жртва во херој.

DIVIANARTS.COM подарува: книгата е издание на Полица. За да станете потенцијален добитник на истата, се’ што треба да направите е да го споделите овој напис на Вашиот профил и да ги означите Divian Arts и Полица на Вашите профили. Книгата ќе биде доделена по случаен избор.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР