Меѓу бројните необични авантури што можете да си ги дозволите во текот на зимата е ноќевање и престој во хотел од мраз.

Ice hotel – Шведска

 “Ice hotel” е светски познат хотел во селото Jukkasjarvi, во северниот дел на Шведска. Покрај туристичкото сместување, нуди исклучителни уметнички изложби од снег и мраз, кои се менуваат секоја година. За многумина, ова е најубавиот хотел на планетата.

Snow Castle, Финска

За вистинско арктичко искуство, можете да го посетите хотелот „Castle Snow“ во финскиот град Кеми. Хотелот обезбедува престој за 48 лица, а секоја зима повторно се гради. Се одликува со уникатни соби достапни од јануари до април. И покрај постојаните пет степени под нулата, креаторите ветуваат пријатен сон.

Hotel de Glace, Канада
Hotel de Glace е единствениот вистински хотел од мраз во Северна Америка, а поради близината на градот Квебек, секоја зима го посетуваат голем број луѓе. Има дури 44 соби, а гостите си нарачуваат коктел од мраз. Во ледениот хотел како од бајките, можно да се направи и венчавка.Hotel Balea Lake, Романија

Дури и во Романија, зимата е доволно студена за да можете да одберете нешто “посвежо” од класичен хотел. Hotel Balea Lake, ја менува темата секоја зима и обезбедува сместување за околу 8.000 гости. Водата за дизајнирање на зградата доаѓа токму од од езерото.

Sorrisniva Igloo Hotel, Норвешка
Hotel Sorrisnia Igloo во Норвешка е најсеверниот и најголем хотел од мраз во Европа. Секоја година, изградбата на хотелот трае околу пет недели, што резултира со 26 соби, четири апартмани, бар, различни уметнички дела, па дури и капела. Навистина магично.

Eskimska vas, Словенија
За оние кои не знаат – дури и во Словенија можете да најдете еден од убавите хотели на мраз. Хотелот се наоѓа во ескимското село во Покљуки. Посетителите можат да уживаат во многу активности на снег, вклучувајќи ноќевање во игло. Можете да изберете групно игло или романтично игло за две лица. Во вечерните часови гостите се загреваат со овча кожа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАЈДЕ ДА СЕ ГУШНЕМЕ!
Следна објава10 легендарни модни додатоци на сите времиња!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР