Ароматните печени јаболки со брусници, ореви и цимет се вкусен и здрав домашен десерт за вашите најблиски.

состојки:

6 јаболки
250 грама брусница
50 грама ореви
половина лимон
мед
цимет
2 ѕвезди анасон
100 мл вода
шеќер во прав

За подготовка на печени јаболки со боровинки, одберете цврсти плодови со средна големина, слатки или кисели. Количеството на мед со кој ќе ги засладите јаболките, можете сами да го прилагодите по ваш вкус.

Како се подготвуваат печени јаболка со брусници и ореви?

Ставете ги брусниците во сад и додадете: рендана кора од лимон, цимет и сецкани  ореви па нежно измешајте. Исечето го врвот од јаболките и внимателно отстранете го јадрото. Рерната загрејте ја на 180 степени.

Наредете ги јаболките во садот за печење и наполнете ги со мешавината од брусница и орев. Ставете во секое јаболко лажичка мед и покријте ги со исечените капаци. Налејте со вода и додадете анасон. Печете ги јаболките околу 30-40 минути. Подготвените јаболки оставете ги да се изладат и засладете ги со шеќер во прав.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајскапото домашно sвоно чини 100.000 долари!
Следна објаваАЈДЕ ДА СЕ ГУШНЕМЕ!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР