Дизајнерското студио TBD со седиште во Њујорк, редизајнираш стан на Менетн со бел ентериер и нова тераса на кровот, во која има туш на отворено и џакузи …

Луѓето од ова студио направија нова конфигурација на овој стан, за да создадат план за отворен простор. Сега, овој стан со две спални и две купатила, има тераса на покрив која има дури и бар! Малиот базен, исто така, најде место на терасата, а бил произведен по мерка во  Колорадо, како дело на Diamond Spas. Терасата на покривот е поставена на висина на постоечката ограда, што дава илузија дека малиот базен е вграден во нејзиниот под.

Што се однесува до внатрешноста, таа е дефинирана со рамни површини кои се во контраст со ходникот покриен со дрво, додека бетонските подови го красат целиот простор. Кафените sидови ја кријат домашната канцеларија, гостинското купатило и ниша, додека на левата страна од ходникот се наоѓаат кујната и трпезаријата. Спалната соба се наоѓа на вториот дел од станот.
Трпезаријата е посебно декорирана со маса изработена од едно парче дрво, која совршено ги прати дрвените детали во ходникот, како и блиските скали дизајнирани во сличен стил, со метални гелендери и простор за саксии со зеленило.

Голем сив кауч и гломазен отоман се наоѓаат во дневната соба исполнета со природна светлина, а покрај изобилството на прозорци има и светларник. Оригиналните бетонски лакови се обоени во бела боја.

Како што рековме, во вториот дел од овој пентхаус се наоѓа главната спална соба, до која се доаѓа преку стаклената врата. Таа е дизајнирана како идеален простор за гледање на филмови или маратонски серии, така да поседува и проектор, заедно со ролетните на прозорците спроти креветот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава#Backwardsbooks – Нов тренд во ентериерот
Следна објаваRoberto Cavalli кампања пролет – лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР