Научниците открија нови корисни својства на чоколадото!

Сега ќе имате пет пати повеќе причини да го јадете вашето омилено чоколадо, без  да чувствувате каење во исто време!

Италијанските научници докажаа дека чоколадото е добро за мозокот. Флавоноидните соединенија ја подобруваат меморијата. Покрај тоа, љубителите на чоколадото ќе имаат поголеми шанси за одржување на когнитивните способности со текот на годините.

Чоколадото може да промовира подмладување на старите клетки. Научниците спроведоа експеримент: во текот на две недели им даваа на експериментални глодачи супстанција како што е флавоноиден епикатехин (се наоѓа во чоколадото).

Резултатите покажаа дека нивото на стрес и воспаление на нервните клетки кај животните се намалува, со што се промовира процесот на подмладување на целиот организам. По ваквото сознание, многумина ќе го претпочитаат чоколадото.

Неодамна научниците открија дека чоколадото ќе исчезне до 2050 година. Се претпоставува дека до тоа време, поради климатските промени, сите познати видови на какао ќе исчезнат.

Сепак, експертите од Одделот за генетиката на растенијата на Калифорнискиот универзитет подвлекоа, дека благодарение на регулацијата на структурата на ДНК на зрното од какаото, може да се избегне исчезнувањето на чоколадото.

Чоколадото може да го намали ризикот од мозочен удар ако се јаде три пати неделно. Оваа количина на чоколадо ја намалува веројатноста за појава на срцева аритмија, која често доведува до мозочен удар. Постарите луѓе треба да го вклучат овој деликатес во нивната исхрана.

“Чоколадото го заменува сексот”. Поентата е дека со употребата на овој деликатес, телото произведува серотонин и допамин, т.н. хормони на среќа, кои исто така се излачуваат за време на сексот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMAJESTIC BERNADET – Уметичко дела на три тркала!
Следна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР