Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!


Николија Колевска

Николија Колевска е аматер кој се стреми кон професионализам. Нејзин најголем предизвик е да фотографира романтични сцени. Користење на алатките на Pixlr: осветленост, сенки, осветлувања, контраст … Фотографијата е направена на плоштадот во Охрид, за време на зајдисонце, а истовремено се осветлуваат и светилките кои даваат уште повеќе сјај на фотографијата

Контакт со Николија можете да воспоставите преку FacebookInstagram или e-mail (nikolija.kolevska@yahoo.com).


Нена Петковска

Нена Петковска со фотографирање се занимава аматерски. Обожава уметност, па фотографијата е одличен начин да покаже нешто што на неа и се допаѓа или да го претстави начинот на кој гледа на нештата. Моментално фотографијата и е хоби, но би сакала понатаму да се занимавам со неа професионално.

Оваа фотографија е направена на зајдисонце од мобилен. Обработена е во програмата Lightroom со цел да се истакнат посакуваните тонови.

“Сакам да фотографирам се. Тоа најчесто е природа, но кога имам повеќе време и можност фотографирам луѓе. Може да се каже дека фотографирање луѓе ми е најзабавно и предизвикувачки. “

Kонтакт со Нена можете да воспоставите преку нејзниот инстаграм Instagram доколку сте заинтересирани за соработка на проект или пак за фотографирање на некој настан и слично. 


Ивана Петрушевска

За себе вели дека е аматер фотографка, која секогаш спонтано фаќа сегменти околу себе каде и да е. Фотографијата е направена на веќе постоечка изложба во MAXXI музејот за современа уметност и архитектура, во Рим, Италија.

“Се обидов да фотографирам дел кој ќе го долови контрастот не само на материјалите како видливи елементи, туку и нецелосната природа со уништлив карактер, наспроти единсвената целовитост. (Фотографирана е со Canon SX410 IS, а едитот го направив само со инстаграм алатките за едитирање.)”

Контакт со Ивана можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram.


За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 нови факти за влијанието на чоколадото кои треба да ги знаете!
Следна објаваШто го одликува францускиот шик?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР