Совети за уредување на вашиот дом по фенг шуи…

Со нивна помош, вашиот дом ќе зрачи со позитивна енергија.

Ослободете се од нередот
Нередот е непријател број еден во домот. Ослободете се од сите непотребни ситници на полиците, масите и столиците. Исчистете ги сите ќошиња во куќата. Исфрлете сè што не ви треба – од весници до каталози, апарати кои не ги употребувате, облека што не ја носите, козметика чиј рок поминал, сувенири кои безначајно се наоѓаат во куќата. Можете да ги подарите, да ги фрлите или да ги префрлите во подрумот.

Поправете или исфрелете ги скршените предмети
Оштетени чинии, напукнати чаши, изгребани очила, оштетени блендери, часовник кој не работи – се што е расипано и не работи и пречи на позитивната енергија во домот.

Исчистете ги прозорците и подмачкајте ги вратите
Според фенг шуи, прозорците се очите на вашиот дом. Чистите прозорци обезбедуваат јасен поглед кон иднината, а собите треба да се чисти и светли.

Не заборавајте на вратите. Вратите исто така треба да се исчистат и да фунционираат добро, во спротивно, поправете ги.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 5 зимски дестинации во Европа!
Следна објаваМаникир 2018: 7 идеи за маникир во модерната ултравиолетова боја!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР