JEREMY SCOTT  е еден од најкреативните дизајнери на светот, со естетика што веднаш се препознава …

Тој сега го употреби својот уникатен креативен ум за да создаде колекција за шминка во соработка со брендот MAC Cosmetics. Тој, исто како и сите други, е опседнат со естетиката и лежерните вибрации на деведесеттите години, па целата тема на колекцијата потсетува токму на таа декада. На прв поглед, можеме да видиме дека дизајнерот е инспириран од таа музика, кога ги креирал производи за оваа линија. Во колекцијата има три палети, спакувани во многу интересни дезени.

Палетата сенки за очи, наречена LoFi, содржи дури 29 нијанси. Џереми исто така внесува живописни тонови како што се зелена, виолетова, сина и циклама, но исто така има и нијанси како кафена, сива и неутрална, кои се неопходни за практично секој изглед на шминка.

“Future Emotion” е палета на кармини во облик на касети, која содржи девет бои,  портокалова, црвена, циклама, темно кафеава, виолетова, светла виолетова, мат гола, розова и кафена боја.

Третата палета е наменета за лицето и се вика Acoustica, и содржи сатенска руменило во розева боја, мат бронзер и хајлајтер. Оваа палета е претставена во пакување во форма на ЦД.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBlue Majik-најнов тренд во здравата исхрана!
Следна објаваЗимскиот тренд број еден – фустан со трегери!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР