Многумина од нас ги сакаат уметничките слики и фотографиите на ѕидовите, но не секој може да ги постави на вистинскиот начин …

Оваа постапка може да биде многу комплицирана задача, додека не се запознаеме со некои од основните правила кои можат да ни помогнат. Ви претставуваме неколку примери кои во практична смисла се дефинирани, а кои можат да се применат во било кој простор, но по читањето на оваа статија ние се надеваме дека конечно ќе можете да ги поставите своите слики правилно.

Изберете уметнички дела со правилна големина

Иако изборот на големи парчиња е многу популарен тренд, пред се, треба да знаете која  големина на уметнички дела можат да бидат поставени во соодветниот простор. Ако сликата е премногу голема или мала, тоа ќе биде сосема несоодветно. Доколку sидната уметност ја поставите  директно над мебелот, изберете нешто што е пократко од секоја страна од него. Ако сликата ја поставите на ѕид пред кој ништо не се наоѓа, таа би требала да биде во размер од четири према седум во споредба со него.

Добијте ја правилната висина

Мит е дека сите уметнички дела би требало да бидат закачени на ниво на очите, но тоа веднаш може да се поништи, затоа што луѓето со различни висини имаат различни погледи, што нè враќа на почеток. Која е вистинската висина на која можеме да ги сместиме нашите уметнички дела?

Генералното правило кои овие денови важи е дека секое парче уметност мора да стои на 145 см од подот. Но дали е и тоа така?

Креирајте галериски ѕид

Многумина од нас малку се плашат да креираат галериски ѕид, бидејќи тие можат да бидат навистина комплицирани за креирање.  Сепак, галерискиот sид е вистинско решение и еден од најактуелните трендови на денешнината. Сè што е потребно… прво треба да се наредат на под сите слики и фотографии што сакате да ги вклучите во галерискиот ѕид заедно,  за да видите дали сте задоволни со нивната форма и содржина, бидејќи многу е полесно да ги направите промените на овој начин, отколку кога тие се поставени на ѕидот. Кога сте целосно задоволни од комбинацијата на вашите уметнички парчиња, започнете го нивното закачување по иста шема.

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДревни методи за одржување на вашата убавина
Следна објаваБлуза од Mango е новиот хит кај модните блогерки!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР