Разубавувањето е една од омилените ритуали на женската популација. Знаеме дека во дамнешните времиња не постоела козметика каква што ја употребуваме денес, затоа жените многу рано ја осознале делотворноста на природните препарати. Се работи за третмани кои ги користеле старите римјанки, а се ефикасни во истовреме и за здравјето и за женската убавина. Погледнете кои се древните методи кои  биле употребувани и за кои слободно може да се каже дека се поефикасни од сите козметики денес!

Миризливи купки

Жените во стариот Рим поминувале буквално со часови капејќи се во миризливи ароматични купки. Тие уживале во “малите меѓусебни слатки  разговори” а при тоа наизменично менувајќи ја водата од топла во студена за да ја подобрат циркулацијата.

Арома-тераписка масажа

Таа била омилена помеѓу дамите. Одлична е за одржување како на телесната така и на духовната благосотојба на организмот. По овој третман кожата со сигурност ќе ви изгледа поубаво и посвежо.

Tкаенина наместо пилинг

Во минатото жените немале пилинзи какви што ние ги користиме денес. Затоа тие употребувале погруба ткаенина за отстранување на мртвите клетки или популарно т.н пилинг.

Лимонов сок

Со векови наназад сокот од лимон бил користен како метод за избелување на косата. Како резултат на  негово редовно користење може да се добијат посветли прамени на косата, а со тоа косата да изгледа како нијансирана.

Кисела павлака

Познато е  дека павлаката се користела како крем за раце но и за лице. Подоцна таа била употребувана како регенератор за коса.

Депилација со шеќер

Велат дека оваа метода е најефикасна и најздрава. Се користи илјадници години наназад и не е штетна за кожата како што се модерните козметички препарати.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР