Пастелни тонови и изобилство на растенија го исполнуваат овој хотелски ресторан и бар во Ванкувер, кој што го креираше локалното студио Ste Marie, по моделот на стаклена градина …

Ресторанот Botanist се наоѓа во рамките на хотелот Fairmont Bacific Rim во центарот на градот, а на своите гости им служи појадок, ручек, вечера и пијалоци. Ресторанот е дизајниран во форма на четири различни простори, во кои се креираат различни искуства на храна. Како што велат дизајнерите, секој простор има своја личност.

Една зона претставува шампањ ложа, која се наоѓа во близина на лобито, каде розова златната количка за пијалоци е одбрана за да се создаде поп сензибилитет, која понатму се вклопува со гламурот што е присутен во оваа соба.

Како контраст на тоа, коктел барот е украсен во темни бои, како зелената која е користена за теписите и завесите, додека во другите останати делови доминирана сивата боја.

Малата тераса формира градина во затворен простор, кој е исполнет со растенија од различни видови и големини, додека нејзиниот плафон е исто така со зелена боја испреплетен со мали ламбички.

Главната трпезарија има светла палета на бои, со клупи кои се тапацирани во бледо розови и беж ткаенини, додека индивидуалните столици се во пастелно сина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТорти достојни за музеј!
Следна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР