Време е да ја обновите модната галантерија и да го финиширате целокупниот изглед на вистинскиот начин.

Наместо чокер, ситни обетки и деликатни ланчиња, во новата сезона ве чекаат разни новитети кои сигурно ќе ве израдуваат и ќе ви дадат вистински насока за купување на нов накит. Ние разгледавме некои од најголемите трендови и заклучивме дека во новата година, ќе има многу разновидни и интересни модели на накит, без кои нема да може да замисли ниедна модно-стилска комбинација.

Асиметрични обетки

Во минатата година се се вртеше околу големите алки со вибрацијата од осумдесеттите, додека во 2018 година, ќе се носат различни обетки. Да, сè ќе биде во знакот на асиметријата, што значи дека можете да се опуштите, ако не можете да го  најдете вашиот омилен пар. На едно уво ставете висечка обетка, а на другото мала обетка и ќе изгледате супер-трендовски.

Брошеви
Раскошни брошеви беа забележани речиси на сите модни ревии во минатата година, на шалови, чанти и ревери, а оваа година нема да бидат исклучок. Искористете ги предностите на трендот за носење стари брошеви кои сте ги наследиле од вашата баба и подобрете го вашето омилено парче облека или аксесоар во истиот момент.

Алки на ножен зглоб
Деликатните алки околу ножниот зглоб, ќе бидат неизбежен детаљ на секоја дама, особено за време на потоплите денови кога ќе носиме капри панталони, шорцеви и здолништа.

Прстени на малиот прст
Ретро трендот кој ни доаѓа од деведесеттите години, нема да остави никого рамнодушен. Ќе им остави посебен впечаток на сите и ќе додаде посебна нота на вашиот изглед.

Долги обетки – до рамениците
Веќе неколку сезони го завземаат водството во модата, а истото важи и за оваа. Долгите обетки кои стигнуваат до рамениците се екстравагантни, луксузни и сосема необични детали што ќе направат да бидете секаде забележани.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа својата среќа можете да и се заблагодарите на вашата сестра!
Следна објаваРемек дела од стари ЦД-а!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР