Растењето со сестра е посебна привилегија, сестрата ви е доживотен пријател, кој секогаш ќе биде со вас, без оглед на сè. Плус нејзините работи…како облека, шминка и се  друго, секогаш е на располагање за вас. Па, можеби и не е секогаш се сосема дозволено, но секоја што има сестра барем еднаш “украла” нешто од нејзиниот плакар.

Се покажа дека растењето со сестра исто така може да има и други предности. Имено, истражувачите од Универзитетот De Montfort University во Leicester, направиле анкета на 570 лица на возраст меѓу 17 и 25 години и откриле дека лицата кои имаат сестра,  имаат повеќе избалансиран и посреќен живот.

Професорот Tony Cassidy кој го спроведе истражувањето, изјави дека сестрите ја поттикнуваат отворената комуникација и кохезијата во семејствата, но браќата се чини дека имаат спротивен ефект. “Емоционалниот израз е темел за психолошкото здравје, а тоа само сестрите го промовираат во своите семејства”, рече професорот.

Девојчињата кои имаат една или повеќе сестри, се рангирани највисоко во студијата за независност и достигнувања, додека момчињата кои имаат браќа се најниско рангирани. Професорот Tony објасни: “Тоа е затоа што мажите имаат природна тенденција да не зборуваат за работите, за разлика од жените кои се склони да отворат комуникација”.

Откако ќе ја прочитате оваа статија, обавезно заблагодарете и се на вашата сестра што постои!

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 златни парфеми создадени за подарок!
Следна објаваКаков накит ќе биде најпопуларен во новата сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР