Мало поткровје со исклучителен дизајн!

Сопственикот, познат канадски дизајнер Џејми Александер дознал дека неговата мансарда била механичка работилница во која работниците произведувале муниција за време на Првата и Втората светска војна. Со текот на годините, каминот во ентериерот бил малтерисан неколку пати. Џејми ја започна неговата реконструкција,  го отстрани малтерот до самите цигли, заклучувајќи при тоа, дека каминот е во многу лоша состојба, така што тој повторно го затворил до одредена висина и го офарбал со црна боја.

Црн камин и ретро фотељи

Ретро фотељите во црвена боја, фантастично се вклопуваат покрај црниот камин. Stendal комбинацијата од црвена и црна, е секогаш  добар избор.

Поголемо парче мебел
Малите површини изгледаат неверојатно убаво декорирани, со едно поголемо парче мебел. Модерната масичка од средината на минатиот век и фотељата, претставуваат извонреден контраст на индустриски дизајнираниот камин.

Галеријска кујна
Претходно дизајнирана во U-форма, кујната била целосно реновирана за да добие далеку поотворен, галеријски концепт. Со цел да се зголеми просторот за плакарите и за работа, дизајнерот ги купил сите апарати за домаќинство во помали размери, освен фрижидерот. Малиот месарски пулт, стана дополнителен простор за работа.

Црвена декорација
Црвените декоративни предмети доаѓаат во идеална позиција со белата позадина, создавајќи комбинација која на најдобар начин ги истакнува шаблоните што може да се видат на тапетите.

Кујнска ниша
“Еден од нас двајца, може да седи во овој простор и да ги проучува рецептите, додека вториот за тоа време ќе готви”, изјави Џејми за оваа ниша во која се наоѓаат неколку книги-кувари, декоративни предмети и компјутер.

Неопходни решенија за одлагање на работите
Дури и влезниот дел од станот, мора да има место за складирање на клучевите и поштата. Во овој дел можете дури и да забележите, многу забавни орнаменти и интересни уметнички дела.

Организација на плакарите
Кога квадратурата е главен проблем,  ослободете се од прекумерни плакари и креирајте вградени гардеробери. Овој кој го гледате, може да обезбеди сместување за неколку парчиња облека, обувки, но исто така и телевизор со зглобен носач.

Дизајн на спалната соба
За да се балансира големиот кревет, ноќните комоди мора да бидат од голем формат, а секоја од нив да нуди длабоки фиоки. Во овој случај, пропорциите функционираат совршено, но во оваа прилика, тие исто така создаваат дополнителен простор за складирање на работите.

Дизајн на купатилото
Елегантниот дизајн на двојниот мијалник е поддржан од огромното огледало и заедно доаѓаат како идеален концепт, кој создава илузија на дополнителен простор во мал простор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФутуристички транспарентни капсули ќе ги менуваат лифтовите!
Следна објаваСпектакуларен веренички прстен за Парис Хилтон!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР