Шампањ е пијалок што го пиете кога прославувате нешто или одбележувате посебен датум, а посебно е поврзан со кралските семејства и буржоазијата …

Некогаш, шампањот бил произведуван само за неколкумина специјални луѓе кои се членови на кралското семејство, но денес, овој пијалок е достапен за секој, кој може да си го дозволи тоа. Шампањот е популарен и луѓето го сакаат заради престижот кој го носи со себе.

Заради оваа причина, шампањот е еден од најскапите пијалоци кои постојат. Најголем број на шампањски брендови доаѓаат од Франција, а тој е всушност финален производ на ферментација на грозје, кој поминува низ посебен третман, со цел да се постигне апсолутно најдобар можен вкус. Ви нудиме листа на најскапи брендови на шампањ.

Почнуваме од број место број 7…

7. The Krug Clos d’Ambonnay
Овој шампањ чини 3.500 долари и го произведува компанијата Krug. Ова издание е апсолутен владетел на сите пенливи вина произведени од оваа компанија. Во процесот на производство се користи црното грозје и тоа привлекува многу љубители на овој пијалок. Со оваа цена овој шампањ е на седмо место на нашата листа

6. Perrier- Jouet Champagne

Шестиот најскап шампањ е Perrier Jouet Champagne, кој чини околу 6.485 долари. Се продава како сет од 12 шишиња и го продава лично самата компанија. Неговиот вкус ќе ве маѓепса и ќе мора повторно да го пробате, барем уште еднаш.

5. The Champagne Cristal Brut 1990

На петтото место е Champagne Cristal Brut 1990, кој чини 17.625 долари. Како што дознаваме, овој шампањ е познат во целиот свет под името Methuselah. Причината која стои зад оваа цена е неговото ограничено производство, кое и денес ја чува својата ексклузивност.

4. Krug 1928

Krug 1928 е четвртиот на нашата листа на најскапи шампањи и чини 21.000 долари. Се произведува од неколку видови грозје што потекнува од различни предели ширум светот. Неговиот вкус е нежен и задоволувачки, а дизајнот на шишето од 1938 година, продолжува да ги привлекува клиентите.

3. Dom Perignon White Gold Jeroboam

По цена од 40.000 долари, можете да го купите третиот шампањ од нашата листа – Dom Perignon White Gold Jeroboam. Ова е брилијантен шампањ кој се произведува со големо внимание на деталите, а неговата деликатност ќе ве натера да се заљубите по првата голтка.

2. Pernod Ricard Perrier Jouet

Овој шампањ исто така се продава во пакет од 12 шишиња и неговата цена е 50.000 долари. Тој има егзотичен и сензационален вкус и убавина, па заради таа причина е обожуван во многу делови од светот и е идеален придружник за необични кулинарски специјалитети.

1. Shipwrecked 1907 Heidseick

На позиција број еден, се наоѓа шампањ кој во моментов е на продажба – чини неверојатни 275,000 долари. Shipwrecked 1907 Heidesick е шампањ за кој се верува дека случајно стигнал до дното на океанот, откако паднал од брод кој го пренесувал. Откриен е во 1997 година, а секој љубител на вино со длабоки џебови е подготвен да потроши толку многу пари, за да поседува нешто од таква вредност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCate Blanchett во новата празнична кампања на Giorgio Armani Si !
Следна објаваPVC мантилот е најнов тренд во 2018 година!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР