Свежо подготвен или во форма на сушени семиња, коморачот – (fennel) кој по вкусот потсетува на анасон, може да се користи во многу различни форми. Тој е богат со минерали, и е особено добар за стомакот и цревата.

Ние ви претставуваме четири добри причини зошто треба да го вклучите коморачот во вашата исхрана:

1. Помага во губење на тежината
Коморачот речиси и не содржи масти, но затоа содржи многу влакна и високо ниво на протеини. Горкиот вкус на коморачот го стимулира производството на сокови во желудникот и стомакот и ја спречува желбата за слатко.

2. Добар за пробава
Коморакум често се наоѓа во чаеви наменет за дигестивни нарушувања, бидејќи содржи етерични масла, како што се фенилпропаноид, анетол, фенинкон, лимонен и пинен, кои се особено добри за желудникот и цревата.

3. Обезбедува многу витални супстанци
Коморачот е богат со минерали како магнезиум, калциум, фосфор и железо. Исто така содржи витамин Б и провитамин А и Е. Зрнестиот коморач обезбедува оптимална поддршка на организмот во форма на витамин Ц, бидејќи содржи двојно поголема доза од потокалот.

4. Антибактериски ефект
Коморачот ги ублажува воспаленијата. Свеж сок од коморач може да помогне при хронична кашлица и висок крвен притисок. Исто така, ги ублажува проблемите со воспаление на цревата и ја подобрува функцијата на црниот дроб, бубрезите и слезината.

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобри предмети од супер тренди линијата на H&M за кујната!
Следна објаваЧевлите од овој материјал ќе ја одбележат 2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР