Новогодишната славеничка атмосфера продолжува и наредниве денови….

Иако новогодишната прослава за луѓето е најдобрата забава во годината и еден од најсреќните денови, за домашните миленичиња славењето на Новогодишната ноќ претставуваат голема количина на стрес. Огномет, гласна музика, петарди и целата таа галама, домашните миленичиња, особено кучињата, ја доживуваат како напад врз вообичаената и секојдневната атмосфера што ги опкружува. Бидејќи не гледаат од каде доаѓа ненадејниот напад, нивните најчести реакции се огромен страв, паника и обид да избегаат или да се сокријат. Стресот кај кучињата може да доведе до сериозни последици и затоа можеме да ви дадеме неколку совети како да помогнете.

1. Затворете го кучето во мала соба каде што не може да се повреди

Знаете дека благосостојбата на вашето милениче и неговата навика да се скрие – може да му помогне, но имајте на ум дека кучето во многу тесен заграден простор, може да стане уште повознемирено.

2. Користете т.н. “позитивен шум”

Позитивната бучава ќе го привлече вниманието на вашето куче. Средно гласна класична музика неколку часа, ќе го неутрализира изненадувањето. Исто така, помага и неколку последователни епизоди на пријатно, претходно снимено ТВ-шоу што можете да го пуштите во просторијата каде што се наоѓа вашето куче.

3. Ветеринарите препорачуваат арома терапија

На пример, ставете неколку капки лаванда масло на нивното креветче. Ако знаете дека вашето куче е преплашено, побарајте ветеринар за совет и можни лекови. Исто така постојат и феромони во спреј, супстанции кои го намалуваат стресот.

4. Не ги слушајте препораките за игнорирање на стравот на вашето домашно милениче

Замислете како ќе се чувствувате ако некој го игнорира вашиот страв. Кога кучето се плаши, покажете му ја вашата смиреност и испратете порака дека ништо страшно не се случува и ако се смири, наградете го со деликатеси.

5. Изморете го кучето во текот на денот.

Интензивното шетање, трчање и играње ќе го исцрпат и неговото тело помалку ќе реагира на бучава.

6. Понудете му на кучето забава со нови интересни и стимулирачки играчки кои му го одвлекуваат вниманието.

7. Ако имате пријатели или роднини во приградски тивки области, однесето го таму во овие славенички, полни со петради, денови.

Исто така, треба да забележиме дека мачките и другите миленичиња, помалку се плашат од бучава одколку кучињата, што не мора да значи дека вашата мачка е поотпорна. Во тој случај, применувајте ги истите или слични правила и обидете се да им обезбедите заштита.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСРЕЌНА НОВА 2018 ПРИЈАТЕЛИ!
Следна објаваКако изгледа љубовта, независно дали сте во врска или не!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР