Oвој прекрасен ентериер во куќа од 19 век во Онтарио, го дополнува гостопимливиот пристап за прослава на празниците…

Kerol Postar, многу често ги повикува сите луѓе кои сами ги поминуваат празниците, заедно да уживаат во оброците, виното и пријателството. За време на овие собири, таа го користи својот најдобар прибор за прибор за јадење, кинески порцелан, прекрасни тацни во форма на лист, вински бокали со златни завршетоци и сини вински чаши.

Сите посетители на овој дом можат да уживаат во навистина извонредна средина која е резултат на визијата на нејзиниот сопственик, инаку многу свесна и полна со почит кон минатото и историскиот карактер на својот дом. Кога се преселила во својот нов дом, заедно со својата сакана мачка, пред околу три години, Керол го редизајнирала просторот со намера да го врати неговиот стар естетски шарм. Иако се направени големи промени, најважните архитектонски елементи се додадени или внимателно сочувани. Сопственичката ја задржала едноставноста на оригиналните детали во неговиот дом и елементите кои сега носат нови димензии и претставуваат круна на целокупната шема на внатрешниот дизајн.

Секоја година, оваа дизајнерка ја поставува сцената за неверојатна прослава на Божиќ и Нова Година, која стана нејзина главна и преубава традиција.

Нејзината куќа и мебел се истакнуваат, таа поседува голем талент кога станува збор за правилно украсување и чување на предмети, кои имаат одлична приказна зад нив. Потрагата по правилен дизајн на ентериерот, претставува извонредно естетско чувство и потребно е сите нејзини посебни сегменти да се вклопат во една целина.

Создаден во Regency стил, овој дом има многу класични карактеристики кои се рефлектираат од тој период. Високи тавани, големи француски прозори и украсни лајсни, финиширани со бела боја, кои ја дополнуваат целокупната елеганција на овој ентериер.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMicheal Kors му кажа збогум на природното крзно!
Следна објаваКаков фустан да одберете за новогодишната веселба!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР