Опкружени со планински шуми и карпи, идеално интегрирани во пејзажот или величенствено над него, овие базени се вистинско совршенство.

Пливањето во зима во надворешни топли базени е искуство кое се памети, особено кога сте опкружени со прекрасни пејсажи и снег. Ние ви прикажуваме 5 најубави надворешни базени во планините, каде што можете да ја поминете оваа зима во релаксација по напорен ден од скијањето.

Hotel 7132 – Швајцарија
Идеално место за одмор, каде што конечно можете да се посветите на самите себе. Минималистички хотел за одмор на душата и телото со термални бањи и спа центар.

Alpin Panorama Hotel Hubertus – Италија
Во овој хотел базенот е главната атракција. Тој е исто така една од најпрепознатливите градби и сето поради тоа, што базенот од 25 метри е изработен од бетон со стаклено дно, а се крева над карпите дури 12 метри.

Aqua Dome – Австрија
Aqua Dome е познато термално лекувалиште во австриските Алпи меѓу две планини, чија архитектура го рефлектира локалниот пејзаж, кој е мека за познавачите на алпските извори и врвните спа центри. Термалните води доаѓаат во хотелот од изворот кој се наоѓа на длабочина од 1.865 метри.

Hotel Schwarzer Adler Kitzbühel – Австрија
За да уживате по сауната, во пливањето во големиот базен со подводен звучен систем, ќе мора да протрчате малку над мраз…но сите знаеме дека тоа е уште покорисно за телото.

Hotel Villa Honegg – Швајцарија
Велат дека Вила Хонег е најмалиот бутик хотел во Швајцарија, но тоа го прави уште поинтересен. Топлата вода, која е секогаш 34 степени и музичката придружба, секако допринесуваат да им се восхитувате на спектакуларните пејсажи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБоја која секоја модна комбинација ја права скапа!
Следна објаваТрендови на убавина кои ќе владеат во 2018 година!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР