Минататиот месец во галеријата Чифте амам во Скопје, беше отворена интересна изложба на слики – колажи од сликарката Тања Таневска, кои пренесуваат мисли во бои, звуци,  пораки..

Тања Таневска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Рубенс Корубин во 1996 г, член е на ДЛУМ од 1997, учесник на десетици самостојни и повеќе од 180 групни ликовни изложби во земјата и странство, како и на 35 домашни и меѓународни ликовни колонии. Добитник на неколку значајни домашни награди во организација на ДЛУМ, како и награда од Интернационалното биенале на мал формат во Рацибор, Полска.

Ја прашавме …

Што претставуваат вашите колажи?

“Се претставувам со специфични колажи, што претставува надоврзување на претходниот циклус.

Насочен е интересот на реконструкција  на минливоста на материјалите (женски чорапи, картони).

Колаж како техника ми претставува можност на материјалите да им дадам нов живот и значење, а тие на креативен начин да добијат ефект, во други форми.

Колажот ја носи формата на жичани инструменти, од кои најприсутен е обликот на гитарата. Доминантно место на колажот се жиците. Тонски вредности надополнети од обоеноста на материјалите нивната текстура. Се дополнуваат со транспарентност и полност  на материјалите. Колоритот се движи со црно,црно- сиви ,топли окерасти тонови. На едно место форма ,текстура и линија.

Гитарата е во постојано формирање:таа е асоцијативна или како што Умберто Еко вели-отворено дело. Таа гитара го содржи еротизмот на облината”- ни одговори уметницата Тања Таневска..

Ви претставуваме неколку дела од изложбата на колажи од Тања Таневска, насловена „Ликовна симфонија на душата“

 


СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата боја за 2018 ја ја рефлектира оригиналноста, интегритетот и визионерскиот дух!
Следна објаваНајубавата улична библиотека во светот се наоѓа во Бугарија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР