Вила Boréale е шармантна викендица која се наоѓа во областа Charlevoix – Канада…

Современа по својата природа, таа е во хармонија со прекрасната природа на нејзината околина. Сопствениците на оваа викендица се динамична млада двојка во раните триесетти години, кои се обратиле на тимот за архитектура CARGO, за да најдат архитект кој може да им помогне во текот на градењето. Токму така, започнала идеалната соработка, која, како резултат на тоа, понуди нешто сосема невообичаено.

Проектот е дизајниран во согласност со едноставна, глобална визија: инспирацијата за проектот е скандинавска, претставува куќа со чисти линии. Материјалите се во нивниот суров изглед, и имале големо влијание врз општиот концепт на овој проект, исто како и тоновите и природната текстура на дрво и бетон.

Црните метални елементи кои се дел од овој проект создаваат импресивен и невообичаен контраст, нагласувајќи ја мазната, мат површина на челикот и природните детали на белиот кедар. Дополнително, бидејќи влезот на оваа викендица  не е висински поврзан со приземјето, изборот на истиот метал за покривен кров, стана императив за целокупната структура да има колку што е можно повеќе униформност и хармонија.

Конечно, кога ќе ги сумираме сите впечатоци, гледаме дека овој дом е во природен контекст на бореалните шуми и е јасен претставник на современата визија за архитектурата на Квебек: светлина, природна, едноставна и чиста.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБохо стил во најдобро издание: кампања DIOR RESORT 2018!
Следна објаваШто значи бојата на вашата облека која секојдневно ја носите?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР