Веќе е крајот на декември… луѓето шетаат во празнични џемпери, пијат топло чоколадо, шопинг моловите се накитени и се во духот на новогодишните празниците кои следат.

Празничната сезона е “дизајнирана” за топлина и малку задоволство, но секако, тоа е и време кога често пати чувствуваме притисок дека сè мора да биде совршено. Сепак, во декември, не постои новогодишен дух, кој ќе фрли малку магичен сјај на нашата банкарска сметка, ќе го исчисти станот или ќе ја зготви празничната вечера …

Доколку не ја чувствувате празничната атмосфера, имаме неколку совети за вас.

Лесна декорација
Кој вели дека треба да ги декорирате сите простории во куќата или станот? Декорацијата треба вам да ви служи, за да се чувствувате пријатно, а не само за вашите гости или затоа што треба да се накити елка!

За вистинската атмосфера, потребни ви се мирисливи, пријатни свеќи, добра музика и удобна фотеља. Слушајте ги песните на Род Стјуарт, кој е совршен за декемвриските денови. Кога се грижите за атмосферата, подгответе ја вашата омилена вечера или подгответе топла бања. Атмосферата е загарантирана!

Дружете се

Вечер во друштво со печени кекси не чини многу, но дефинитивно ќе се релаксирате. Додека се печат колачите, можете да играте друштвени игри или да одите во кафуле  каде ќе се забавувате со вашите пријатели, се разбира во празнична атмосфера.

Не се споредувајте со другите

Ова е класичен, но златен Новогодишен совет. За време на празниците, ние често пати се споредуваме со другите. Ако во текот на празничните денови сурфате по социјалните мрежи, ќе видите повеќе “среќници” одколку обично, кој ќе објавуваат среќни семејни моменти, како гледаат божиќни филмови, китат елка и.т.н.

Ова ќе ве натера да почувствувате дека вие сте единствената личност која не учествува доволно и не ужива во празникот, иако ова е далеку од вистината. Ви предлагаме да се исклучите од социјалните мрежи неколку дена и да уживате во празникот, со или без добра вечера.

Погледнете ги Божиќните епизоди од вашата омилена серија

На секој од нас му се случило сред лето, да ги гледа божиќните омилени серии.  Набавете пуканки и најдете епизоди од вашата омилена серија! На нашата листа се „Friends“, „Gilmore Girls“ и „Modern Family“.

Направете го вашето светилиште
Дали се сеќавате на времето кога како деца од столици и ќебиња, правевте импровизиран шатор? На Instagram забележавме дека овој тренд се враќа, само овој пат во поголема естетска форма! Кога ќе го направите, јавете се на вашиот сакан/ сакана или на пријателката и одгледајте добар филм.

Се надеваме дека ви помогнавме со совети, како да ја почувствувате празничната атмосфера дури и кога не се чувствувате најдобро! Ви посакуваме релаксиран и мирен одмор!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGucci кампања пролет 2018!
Следна објаваAndré Stummer – Совршен фото серијал од Алпите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР