Заборавете на сè што знаете за црвените усни, бидејќи Pat McGrath и Bella Hadid имаат сè што ви треба за оваа Нова Година и Божиќ, а станува збор за сосема посебен изглед и начин на шминкање.

Сите знаеме дека црвените усни се класичен и секогаш сигурен избор. Досега, изборот беше сведен на два типа на црвен кармин, мат и сјаен. Но сега, се работи за хитот кој содржи светки… и мора да признаеме дека и нам ни се допаѓа.

Видеото кое го објави Pat McGrath со glitter црвените усни на Belle Hadid не остави без здив и дефинитивно сакаме овие празници и ние да се прошетаме со усни кои блескаат!

Еве како да ги креирате:

1. Нацртајте ги усните со црвено пенкало и пополнете ги.
2. На моливчето за усни нанесете црвен кармин.
3. На усните нанесете лепак за светки… тоа е специјален производ сличен на балзам  за усни на кој светките едноставно се лепат и фиксираат.
4. Нанесете ги светките со помош на прст со лесен притисок.
5. Избришете го остатокот околу усните и користете го коректорот за да ги поправите сите неправилни линии.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШармантна празнична декорација во рустикален стил!
Следна објаваФустани кои бајките ги претвораат во реалност!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР