Во декември, спектакуларните торбички мора да ви бидат при рака, бидејќи никогаш не знаете кога спонатано ќе бидете поканети на забавата.

Таквиот моден додаток, ќе го украси дури и строгиот деловен изглед или ќе и даде празнично расположение на дневната кежуал комбинација, како што е бела кошула и фармерки.

Во оваа сезона, дизајнерите нудат голем избор на торбички. Покрај клач моделот од сатен и кадифе, модните куќи за оваа сезона сугерираат торби во облик на вреќички. Овие торби се многу меки и изгледаат елегантно, а моделите со монистри се вистинскиот избор за новогодишните забави.

Исто така во тренд се чанти со богато украсени големи кристали или комплексни апликации. Главната работа е, да се вклопат удобно во вашата рака и да со овој мал моден додаток, можете да креирате интересен свечен изглед.

Одбравме 15 модели на торби за вас, кои без сомнение ќе го претворат вашиот наједноставен изглед во свечен и празничен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајбараното ќебе на сезоната!
Следна објаваШармантна празнична декорација во рустикален стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР