Рецепт за најдобри кифлички од кокос
Време на подготовка: 30 минути
Време за печење: 10 минути
Температура на рерната: 150C

25 дкг кокосово брашно
50 дкг глатко брашно
15 гр. шеќер
1 путар
2 јајца
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
сок и кора од лимон
За посипување: прав шеќер или стопено чоколадо и кокос

Измешајте ги сите состојки и замесете мазно тесто. Брашното треба да се просее. Обликувајте го во топка и завиткајте го со фолија, па ставете го во фрижидер да отстои половина час. Извадете го тестото од фрижидерот, загрејте ја рерната на 150C и расукајте го тестото на долги ленти, исечете ги на секои 5 сантиметри и формирајте ги кифлички. Ставете ги на мрсна хартија за печење.

Печете ги во загреана рерна 10-ина минути на 150 C° додека малку се заруменат. Бидете внимателни да не изгорат, на кифлиците им треба малку време, само неколку минути. Нека се оладат бисквитите и по желба, посипете ги во сад со прав шеќер или врвовите натопете ги во стопено чоколадо и посипете ги со кокос. Исушете ги на решетката и држете ги во лимена кутија затворени.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГламурозна модна линија на накит-(Ines Atelier)
Следна објаваСеќавањата од безгрижното детство во тегла!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР