Украсување на мал стан е веројатно најтешкиот тип на внатрешен дизајн со кој можете да се сретнете …

Кога немате доволно квадратни метри со кои можете да работите, практичната употреба на просторот станува есенцијална. Кога веќе сте го креирале распоредот и дизајнот што го сакате, совршено сте го вклопиле во достапниот простор, тогаш е многу лесно да го прецртате декоративниот сегмент од плановите и да си кажете себе си дека не мора повторно да се мачите.

Погледнете неколку идеи за новогодишно декорирење на мали простори

И најмалите станови треба да имаат новогодишна елка…. одберете некоја помала, која може да стои на вашата маса или на некоја полица.

Доколку имате барска масичка….украсете ја со мала златна елка, златни акценти и празнични пијалоци

Искористете ги предностите на вертикалниот простор
Дури и најмалите станови имаат некои слободни ѕидни површини. Каде и да најдете вишок вертикален простор, создадете весела празнична галерија со различни филмски фрази, строфи од песни или цитати.

Додадете зимски декоративни перници

Украсете ги лустерите со мали и свежи гранки, просторот ќе стане свечен

Стари честитки и фотографии

На овој начин ќе ги сочувате вашите убави спомени и ќе ги гледате сите пријателски лица во текот на целата празнична сезона.

Украсете ги полиците…поставете новогодишни украси, лампички или зимски фигури кои сте ги сакале во вашето детство

Акцентирани предмети на мала масичка

Дискретна декорација
Најдобаро место за декорирање во мал стан е тоа што ќе го најдете секојдневно во  вашиот стан. Направете еден новогодишен венец и поставете го каде никому нема да му пречи.


Внесете го мирисот на зимзелени ратенија

Пополнете ги вазните со зимзелени гранчиња и ставете ги во внатрешноста на прозорецот или трпезаријата за време на празниците. Со или без светилки, овој декор ќе го внесе зимскиот дух и може да го задржите до пролетта.

Празнична декорација во спалната соба
Опремете ја со црвена постелнина која на вашата спална соба ќе и додаде празнична атмосфера.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагијата може да почне – празнични свеќници во ентериерот!
Следна објаваStreet style: Најубавите фустани како инспирација за свечен стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР