Со оглед на тоа што  забрзано се подготвуваме да се простиме од старата година и да “влеземе” во новата, вистинско време е да ги разгледаме трендовите што ќе бидат присутни во 2018 година. Гледајќи ги модните стилови и иконите на уличниот стил, ова се трендовите за 2018 година на кои треба да им посветиме внимание.

1. Лаванда соништа (Lavendar Dreams)

Од 1999 година па наваму, експертите од компанијата Pantone објавуваат која боја ќе биде доминантна за следната година. 2018 година, според нив би требало да ја обележи  ултравиолетовата боја, но модните експерти веруваат дека тоа сепак ќе биде пастелната нијанса на лаванда. Раскошната нијанса на лаванда ги обележа модните пролетни колекции, а исто така е претставена како замена за милениумската розе.

2. Уметноста како инспирација (Art-Infused)

Уметноста и модата се преплетуваат во колекциите за пролет 2018-та, создавајќи богат и разнобоен спектар на опции со кои можете да ја освежите вашата гардероба. Од смело дизајнираните парчиња создадени од Версаче, а инспирирани од Енди Ворхол, преку мотиви од цртани филмови втиснати во новата колекција на Прада, тоа е доказ, дека уметноста навистина може да се носи, околу струкот, на градите па дури и на задникот!

3. Карирано лудило (Mad for Plaid)

Сивите карирани блејзери, доминираа минатата сезона, но сега овој тренд повторно започна. Карираниот принт, кој беше задолжително парче облека минатата година, би требало да стане неизбежен додаток на секоја модна комбинација во следната година.

4. Нов, а стар мантил за дожд (The New Trench)

Класичниот тренч мантил доби нова надградба, откако беше користен безброј пати во минатогодишните ревии, сега е освежен со нов крој, копчиња и претставува нешто сосем ново за тие кои ќе го носат следната сезона.

5. Реси на сите страни (Fringe Benefits)

Пред неколку сезони беа апсолутен хит. Келвин Клајн и Диор, ги вратија оваа година на модните писти, а во 2018 година доколку држите до трендот, ќе мора да носите некое парче облека со реси или уште сега да одите во потрага по слични предмети…

6. Фанипак, но стилизирана (The Fannypack is Back)

Еден од најпознатите аксесори од деведесеттите години, се враќа во мода. Кендал Џенер, Ријана или Бела Хадид, веќе ги носат и сосема е сигурно дека оваа чанта ќе биде  задолжителен моден детал.

7. Цветно како во шеесеттите

Шеесеттите се враќаат. Слободно отворете го плакарот и на вашата баба и побарајте дел од нејзината облека, бидејќи цветните ретро мотиви со шарени бои се тоа, што ќе ви биде потребно. Во нив ќе бидете целосно во хармонија со пролетта и ако некој од вашето семејство бил хипик, тогаш шопингот нема да ви биде потребен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКакво влијание има семејниот живот врз тежината: 3 интересни факти!
Следна објаваЕдноставни но шик венчаници за 2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР