Визуелниот уметник Филип Јовановски учествува во групната изложба „ СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни, која се отвори на (14.12) во Музејот на современа уметност Галерија –легат Милица Зориќ и Родољуб Чолаковиќ во Белград.

Изложбата е курирана од уметницата и активистка Ноа Трајстер (Центар за културна деконтаминација од Белград) и кустотосот од Музејот на современа уметност од Белград, Зоран Ериќ.

Јовановски ќе се претстави со делото „Предлог за споменик на комунистичката курва”, аудио опера во пет делови кој како истражувачки процес го работеше во соработка со кураторката Ивана Васева и дизајнерот на звук Сашко Потер Мицевски. Ова е најново дело на Јовановски во кое продолжува да го истражува неговиот долгогодишен интерес кој е фокусиран на конфликтот помеѓу доминантниот дискурс – националистичкиот и конзервативен кој го потиснуваше јавното мислење во изминатите 11 години во македонскиот културен и политички живот, и другиот, оној потиснатиот – модернистичкиот и прогресивен.

Јовановски вели: „Насилството беше доминантен параметар кој во изминативе 11 години беше искористено во разни манифестации и ситуации од претходната влада и беше визуелно материјализиран преку различни проекти, меѓу другото, највидливиот – проектот Скопје 2014.

Друго нешто што преовладуваше во јавниот дискурс е етикетирањето и стигматизацијата на прогресивните гласови, можеби најконтроверзната од сите нив е фразата КОМУЊАРИ, КОМУЊАРСКИ КУРВИ.

Но, што значи тоа во вистинскиот, политички живот? Зошто луѓето особено ја користат таа фраза и што значи тоа за нив?

Постои “манифест” кој беше дистрибуиран од страна на Општина Центар во 2010 година, со што беа” објаснети” идеолошките позиции на проектот Скопје 2014, особено преку една од најистакнатите изјави во истиот: Бидејќи естетиката беше декадентна и го корумпираше нивниот комунистички морал – што се однесуваше на модернистички згради и модернистичкo, пост-земјотресно Скопје. Овој “манифест” ги исцрта линиите на националистичкиот дискурс во следните седум години, дискурс на насилство што го окупираше политичкиот живот во земјата.

Меѓу другото Јовановски вели: Во ова дело ги судирам  доминантните позиции на овие два дискурса во една уметничка форма на звучна опера, со цел повторно да ги преиспитам. Во проектот Скопје 2014 недостига уште споменикот на комунистичката курва за да насилството биде комплетно, па ајде да го изградиме!”.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА изложбата

Изложба ” СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни

Куратори: Ноа Трестер (ЦЗКД/ учителот незнајко) и Зоран Ериќ (МСУБ)

Уметници: Ана Буњак, Сања Анѓелковиќ и Бојан Кривокапиќ и Андреа Палашти, Даниел Џамо, Рјо Икеширо и Арон Росман-Киш, Филип Јовановски, Кристина Мариќ, Јелена Марковиќ, Јула Маркули  и Маријана Фумаи, Владимир Миладиновиќ, Дорон Парис, Никола Радиќ Лукати, Мерсид Рамичевиќ, Лала Рашчиќ, Јацек Смолички и Тим Шоу, Катарина Севиќ.

Во рамките на проектот ” СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни, покрај изложбата, ќе се оддржи и конференцијата  Сведочењето. Поезијата. Јазикот. во Центарот за културна деконтаминација и Институтот за филозофија и социјална теорија, од 14 декември до 17 декември 2017 година.

Основата на проектот СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни вклучува аудио архива на повеќе од 200 интервјуа со учесници во војната на Југославија или пак со анти-воени активисти.

Проектот се одвива во две испреплетени линии на истражувања кои се занимаваат со концептот на сведоштва  во контекст на комеморативни практики и војните во Југославија во деведесеттите години, и се базира на интервјуа и уметнички дела кои ги сметаат овие интервјуа како сведоштва.

Уметници се поканети да се бават со испитување на од една страна на материјалниот аспект на сведоштвата (звук и глас),  а од друга страна со самата содржина – политички, економски, општествен и културен контекст во различни клучни моменти од сведоштвата.

Изложбата има за цел да отвори канал кој ќе овозможи на сведоштвата да се слушнат и да се контекстуализираат.

Во Легатот Чолаковиќ ќе бидат претставени уметнички дела на 15 меѓунардони автори кои во изминатите години учествувале во ова истражување.

Уметничките пристапи варираат од архивски, преку партиципативни аудио-визуелни и антрополошки истражувања до статистичко технолошки размислувања, а како резултат на изложбата ќе бидат претставени дела во широк спектар на уметнички медиуми, од музички композиции и перформанси до аудио визуелни инсталации и архиви на одредени сведоштва.

Изложбата од 17 ноември до 8 декември беше изложена во Галеријата Боканера (Boccanera Gallery) во Тренто во Италија, а после Белград патува за Сараево (од 6-ти март 2018), Бања Лука (од 10-ти март 2018) и Виена (14-ти април 2018).

Проектот СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни е во реализација на Центарот за културна деконтаминација од Белград во соработка со : Учителот незнајко и неговите комитети(Белград), Музејот на современа уметност (Белград), Историскиот музеј на Босна и Херцеговија(Сараево), Центарот за културна и социјална поправка (Бања Лука), Боемб(Виена, Австрија), Опсерваторијата за Балканот и Кавказ Трансевропа (OBCT Transeuropa), Институтот за филозофија и општествена теорија(Белград) и Лајбниц институтот за студии на југоисточна Европа  (Leibniz-Institut für Ost- und Südosteuropaforschung – IOS)

————-

Филип Јовановски (1979) е визуелен уметник и граѓански активист.

Магистрант на Факултетот за ликовни уметности, отсек – сликарство во Скопје (2012).

Учествувал на повеќе групни изложби: Биенале на млади уметници (2009/2011/2013); SEAfair (Саем на електронскиуметности) – Музеј на современа уметност Скопје (2010); Фестивал Перфорације – Загреб (2010); Фестивал Синхронзирани градови (2010), Victory Obsessed(2013), Познан, Полска, Паралелни светови(2014) Дуплекс 100м2, Раскажувањето како уметничка пракса, T.I.C.A Tirana institute for contemporary arts, 2014, Where (not) to go?, Македонски центар во Њу Јорк, во организација на Press to exit project space,  Everything is eternity when we are victory obsessed, Галерија СИЗ, Ријека; Црвена Ријека (2017), СИЗ Галерија.

Самостојни изложби: Одлука (2010),Три лесни парчиња:Предлог за опера во три чина(2012) Центар за Култура Битола, Glotzt nicht so romantisch(2011) Прима Центар Берлин, Силата на Спартактистите или Моќта на љубовта (2014) Отворено Графичко студио –Скопје.,  . ДЕНЕС (уметноста), заедничка изложба заедно со Велимир Жерновски, Иван Ивановски, Чифте Амам, Октомври 2015. КУЦ ТЕКСТИЛ –Културно уметнички центар Текстил –Штип (2016); Кога зградите би зборувале(2017) – МОТ(Млад отворен театар).

Добитник на наградата за млад ликовен уметник ДЕНЕС 2013 како и за специјалната награда за архитектура(заедно со Дејан Ивановски) од асоцијацијата на архитекти на Македонина за проектот Мобилна монтажна Галерија(2014) на Центарот за современи уметности од Скопје, добитник е и на наградата Ладислав Баришиќ од областа на ликовната критика за проектот „Колективното делување како политичка, а не организациска одлука” (заедно со Ивана Васева).

Неговите дела се во полето на истражувачки интердисциплинарни проекти кои често користат кураторски пристап и претставуваат трансформација на политички и социјални категориии во просторни слики.

Еден од основачите на уметничката иницијатива Факултет за работи што не се учат (2000), која подоцна(2003) преминува во платформа за проекти од областа на современата култура и уметност.

Од 2007-ма година уметнички директор на фестивалот за современа уметност АКТО во Битола

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреирајте ваши цртани ликови со Adobe Animate
Следна објаваТоп 10 – подароци за вашите дами!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ