Бобан Крстев, Adobe инструктор во Семос Едукација, споделува детали за новиот курс Adobe Animate СС кој неделава ќе стартува со првата група. Ќе ни каже нешто повеќе за можностите на апликацијата Animate и за претстојната обука.

Бобан Крстев e дипломиран инженер по информатика, Adobe Certified Instructor за Photoshop, Illustrator и Animate, Microsoft Office Specialist за Word и Excel. Повеќе од 3 години е дел од тимот на предавачи во Семос Едукација и предава во повеќе оддели.

  1. За кого е наменета апликацијата Adobe Animate СС?

Во Adobe Animate CC апликацијата се креираат софистицирани анимации и интерактивни, богати апликации со мултимедијални содржини кои може да се објават на различни платформи. Оваа апликација е наменета за сите оние кои на лесен и интуитивен начин сакаат да креираат анимирана содржина, без разлика дали е содржина пласирана на веб, игра, цртан филм, анимирани банери, движечки реклами.

  1. На кои платформи можат да бидат пласирани проектите изработени во Adobe Animate?

Во зависност од тоа што сакаме да постигнеме како краен производ од Adobe Animate, резултатите можат да бидат пласирани на повеќе платформи. Крајните проекти можат да бидат зачувани (експортирани) како HD видео, десктоп или мобилни апликации. Поддржани се на HTML5 Canvas, WebGL, Flash/Adobe AIR и custom платформи како SVG. Во проектите може да се внесат и java script кодови со кои се автоматизира анимацијата. Кодирањето е дополнително олеснето поради тоа што во Animate постојат веќе готови кодови кои едноставно треба да се повикаат без рачно да се пишува кодот. Анимациите кои се изработуваат во оваа апликација поседуваат опции за излез за HD видео, HTML5, мобилни апликации, десктоп апликации и Flash Player.

  1. Кога започнува курсот Adobe Animate CC? Што ќе научат учесниците?

Почнуваме на 14 декември во просториите на Семос Едукација. Апликацијата се изучува од почеток, преку дизајнирање на основни анимации и генерирање на напредни движења, па сè до анимација на карактер и публикување. Земајќи го фактoт што технологијата сè повеќе се движи кон анимацијата, слушателите ќе имаат можност да се стекнат со сите алатки на ефикасно користење на самата апликација. Ќе креираме анимации, ќе научиме како брзо и лесно да се снајдеме во ситуации каде се бара некоја анимирана содржина.

  1. Но, обуката не завршува тука? Може ли да ни кажеш нешто повеќе за испитот?

Точно, во рамките на обуката има вклучено полагање на испит – Adobe Certified Associate за оваа апликација и на последниот час е предвидена подготовка за полагање на испитот. Кога кандидатот ќе го положи испитот се стекнува со меѓународен сертификат со назив Adobe Certified Associate in multiplatform animation using Adobe Animate CC, и со тоа ги потврдува вештините во анимациите за повеќе платформи користејќи ја Adobe Animate апликацијата.

  1. Какви се можностите за кариера со Adobe Animate? Фриленсер или вработен од 9 до 17? Кому му го препорачуваш овој софтвер?

Аниматор, веб дизајнер, илустратор, фриленсер кој може да работи на реални проекти со домашни и странски компании. За секој дизјанер е голем плус да има познавање од ваква апликација. Со добро менаџирање на времето може да се постигнат и двете работи, потребно е само да се најде балансот. Нема ништо подобро од некој денар повеќе заработен со она што ни причинува задоволство. А за анимации им нема крај на побарувањата на пазарот.

Повеќе информации за новиот курс Adobe Animate CC може да се видат на следниот линк

http://semosedu.com.mk/default.aspx?mid=39&pid=31&kategorijaId=469&Lan=MK

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ