Божиќната ѕвезда заедно со елката , се едни од најзначајните новогодишно – празнични украси. Со соодветна нега, ова прекрасно растение може да трае и неколку месеци, но исто така, може да ги поздрави и следните празници во вашиот дом.

Божиќната ѕвезда сака топлина и светлина, но сепак треба да ја чувате подалеку од директна сончева светлина и извори на топлина како радијатор. Оптималната температура за божиќната ѕвезда е од 15 до 25 степени Целзиусови степени.

Залевајте ја често и по малку, на секои 2 до 3 дена, ставете ја во сад со вода и оставете ја да се “натопи” некое време. Бидете внимателни, никогаш не ја залавејате со премногу вода. Подобро сува, но не со премногу вода.

Со цел Божиќната ѕвезда да процвета во наредните години и празници, откако ќе и паднат цветовите, треба да се скрати до висина од десет сантиметри и да се премести на постудено место. Оставете ја во “состојба на мирување” со повремено наводнување до пролет, кога треба да се пресади во неколку сантиметри поголем сад каде што повторно почнува да расте. И така можеме да ја имаме за до година…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотографии на Мерилин Монро изложени во Париз!
Следна објаваПремиерата на копродукцијата „Скршено“ за отворање на фестивалот на филмската монтажа
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР