Дали и вие ја обожувате јапонската храна како нас?

Ние ќе ви посочиме неколку основни правила кои треба да се почитуваат за потполно уживање во некои од јапонските специјалитети.

Соја сос

Јапонците сметаат дека не е културно, кога ја полните зделата со соја сос во големи количини. Затоа сипете малку во зделата, а ако затреба, ќе надополните.

Ѓумбир

Многумина ѓумброт го мешаат со храната и така го консумираат, но јапоците ѓумбирот го земаат во паузата, бидејќи тој ја освежува устата и го засилува вкусот од предходното јадење.

Васаби сос

Васаби сосот е јапонски специјалитет кој е доста лут, па тие кои сакаат да јадат луто, честопати ставаат големи количини васаби сос над храната. Тоа за јапонците е навреда, бидејќи мислат дека го уништувате вкусот на храната и ја криете вистинската арома. Васаби се става во мали количини на храната.

Сашими

Сашими се јаде само со стапчиња. Намочете само мал дел од парчето во сосот, на врвот, но никако целото. Потоа парчето месо се јаде целото.

Суши

Парчето суши со ориз свртете го така, да само делот од рибата го намочувате во сосот. Јапонците велат дека само така се чувствува вистинскиот вкус на ова јадење, а доколку оризот го намочите во сосот, тогаш вкусот на сосост е премногу силен.

Ролници

Ролниците се веројатно највкусниот специјалитет и на сите им е најомиленото јадење во јапонските ресторани. Бидејќи и тие се намочуваат во сос, тогаш треба да знаете дека никако не смеете целата ролница да ја намочите во сосост. Потребно е да ја намочите само едната страна и така да ја ставите во уста.

Уживајте во оброкот или 楽しい食事!

Divian Arts

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 најатрактивни ламби и лустери!
Следна објаваИконското контроверзно наследство на Calvin Klein
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР