Вашата кујна е најверојатно најзафатеното место во куќата …

Толку многу работи се случуваат во кујната, од подготовка на храна, собирање на семејството и пријателите на маса, пишување на домашни задачи, средување на сметки за плаќање, работа со ракотворби и многу повеќе.

Се разбира, приготвувањето на храна и конзумирање на истата, сепак, имаат примарна функција во кујната, што значи дека вашата кујна најдобро функционира кога е во нејзина примарна форма. Без разлика колку е важно да имате целосно функционална кујна, важно е и тоа, таа да го одразува вашиот стил кој треба да биде топол и пријатен за сите.

Еден од начините на кој тоа можете да го постигнете е да користите материјали што можат да служат во кујната за две намени. Плочките секогаш добро функционираат во двата случаи, во исто време создавајќи раскошна кујна и обезбедување на идеална функција за подготовка на оброкот, лесно чистење и добро одржување. Керамичките плочки многу често се користат како подни, но и како ѕидни во кујните.

Sидните плочки можат да ги заштитат ѕидовите зад шпоретот и садоперот, а исто така можете да создадете спектакуларни ефекти со мозаички дизајн кој може да ја истакне вашата кујна. Ако ви се допаѓа изгледот на мозаички плочки на кујнски sидови, ви претставуваме неколку примери кои можете да ги земете во предвид и да создадете совршен мозаик од овој стил во вашата кујна.

За било која мозаичка комбинација да се одличите, таа мора да одговара на вашиот  стил и вкус. Мозаикот е суптилен и многу богат во секоја смисла.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦрвена боја како избор за дочек на новата 2018 година!
Следна објаваСкопје го доби Creative Hub – бизнис центар на креативноста и неформалното образование
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР