Живееме во модерно време каде владеат анкциозноста и депресијата со нашите чувства и животи! Бидејќи анкциозноста е навистина тежок проблем, доколку имате некои од следните симптоми треба да размислите за професионална помош.

1. Премногу се грижите!

Прво, да расчистиме една работа, да се грижиме е сосема нормално, бидејќи ничив живот не е совршен. Но, постојаното грижење до степен да дозволите сите дневни обврски да „ви слизнат од рака“ е знак дека треба сериозна проверка на емоциите. Особено кога ова веќе се случува повеќе од шест месеци.

2. Вашите стравови се ирационални!

Секој се плаши од нешто. Но, не сите стравови треба да го нарушат нормалното секојдневие со развивање на фобија. Мора да побарате професионална помош доколку Вашите стравови ве спречуваат да имате продуктивен и убав живот во секоја смисла на зборот.

3. Одржувате претерано прецизни ритуали!

Не, ова не се мисли на секојдневните утрински ритуали, или читање книга во 16.00 часот. Ова правило ги поддржува оние ритуали кои водат до опсесивно – компулсивно растројство (миење раце по допир на било што, уклучување и исклучување на светилката по 10 пати и слично) и страв дека ќе се случи нешто лошо доколку не се исполни задачата која ја носи ритуалот.

4. Имате болки во телото!

Кога сте нервозни, можеби немате забележано, но мускулите во телото се напрегаат и тоа е сосема нормално. Но, кога имате анкциозност често се случува да почувствувате болка или затегнатост на одредени мускули постојано!

5. Имате проблеми со варењето!

Луѓето кои страдаат од анкциозност често знаат да имаат проблеми со дигестивниот систем поготово со цревата. Синдромот на иритабилни црева е премногу чест!

6. Имате проблеми со спиење!

Експертите посочуваат дека половина од индивидуите кои страдаат од анкциозност имаат проблем со спиењето. Причината позади ова е навистина очигледна, постојаната загриженост ја одзема способноста на телото и умот да се релаксира. Ефектите од ненаспаноста само ја влошуваат состојбата на некој кој страда од анкциозност!

7. Панични напади!

За паничните напади може да се каже дека се можеби најстрашното нешто кое човек може да го искуси. Проследено со физички симптоми како зголемено срцечукање, болка во граден кош, неможност да се земе здив и вртоглавиците водат до чувство на тој што ги искусува како да умира во самиот момент.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваChristian Louboutin – Колекција на чевли инспирирана од Војна на ѕвездите!
Следна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР