ОВЕН

Работа

Големите очекувања од деловното опкружување, доведоа до нетолеранција и заострување на односите во бизнисот. Спуштете ја топката, бидејќи на овој начин нема да постигнете многу од тоа што го планиравте.

Љубов

Одлично ви оди со љубовта оваа недела. Најдовте лице со кое можете да зборувате за сè што ве мачи.

Здравје

Оваа недела добро се чувствувате.

БИК

Работа

Можни се промени на подобро. Со самата промена на работното место ви следи и добивка преку влијателни луѓе.

Љубов

Бидете трпеливи, сите достигнувања се можни, но не на брзина. До значајно познанство би можело да дојде преку пријатели и тоа од тие, кои се многу успешни.

Здравје

Повеќе спорт и рекреација.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Оваа недела ќе биде многу успешна за вас. Добри односи со соработниците, а и вие станувате се поинтересни, поради тоа што ви се случува токму сега.

Љубов

Личностите кои подолго време се осамени, а  се уште мислат на старата љубов, можат да доживеат вистинско повторно раѓање на љубовта..

Здравје

Ве прати доброто расположение. Вие сте полни со позитивна енергија.

 РАК
Работа

Тукушто влегувате во поволен период, кој може да биде успорен, доколку влегувате во расправија и дебата. Затоа внимавајте на вашето однесување.

Партнерот е во многу работи побавен од вас, што ќе ве доведе до дилема што понатаму. Нека одлучи вашето срце.

Здравје

Се чувствувате добро, подобро од претходната недела.

ЛАВ

Работа

Тоа што го пропуштивте во претходниот период, сега можете да го добиете. Верувајте во себе.

Љубов

Љубовта е пред вас, направете нешто. Нешто тајно се работи.  Лицето што го запознавте минатиот месец и ви се допадна на прв поглед, ќе го сретнете повторно.

Здравје

Болки во грбот.

ДЕВИЦА

Работа

Ништо не ви е тешко и за поголемиот број на проблемите, наоѓате брзи и соодветни решенија. Одлична и голема подршка добивате од вашите колеги.

Љубов

Помлада личност од вашата околина или соседството, се уште се обидува да ве освои, но вие сте верни на партнерот.

Здравје

Се чувствувате уморни и исцрпени.

ВАГА

Работа

Ако успеете да ја отстраните сета лутина што ја носите во себе, ќе размислувате порационално и ќе бидете попрактични за себе.

Љубов

Не очекувајте ништо на брзина. Сега почесто почнува дружењето и гледањето, така до кон крајот на оваа недела би можело да стапите во романтична врска.

Здравје

Движете се повеќе.

ШКОРПИЈА

Работа

Вашата способност да се прилагодите на дадените ситуации ве води кон подобрување на финансиите. Ако вам ништо не ви е тешко да направите, сметајте дека одите кон поголема преродба и целосна стабилизација.

Љубов

На јавно место, би можело да го запознаете идниот партнер со огнен знак: Овен, Лав или Стрелец.

Здравје

Намалете ги оброците

СТРЕЛЕЦ

Работа

Неодлучноста целосно ве напушта, со текот на времето јасно согледавте каде што ве води. Подготвени сте на компромис, само за тоа, што е битно за вас.

Љубов

Лицата кои се во тајна врска, а не се во брак, лесно можат да се запознаат со некоја нова личност, која повеќе ќе им одговара и што е најважно, односот ќе биде јавен.

Здравје

Отстранете го отровите од телото.

ЈАРЕЦ

Работа

Сè што доаѓа од минатото, ќе има позитивно влијание врз вашата кариера. Тоа би можело да бидат состаноци со стари колеги, пријатели, па дури и соседи.

Љубов

Ако сеуште не сте стапиле во контакт, прифатете го повикот да излезете оваа недела.

Здравје

Консумирајте повеќе течности.

ВОДОЛИЈА

Работа

Подготовките што сте ги работеле во изминатите два месеци сега се завршуваат, така што следната недела сте целосно подготвени да започнете со реализација.

Љубов

Каде и да се појавите, вниманието го усмерувате кон себе. Сето ова влијае на вас позитивно, така што вие сте расположени само за одредена личност.

Здравје

Се чувствувате подобро оваа недела.

РИБИ

Работа

Сè е во подготвителна фаза, така да допрва следува продолжувањето на приказната. Вие сте во успешен период, кој ветува.

Љубов

Одеднаш, бурни емоции во вас, кои може да ги разбуди една нова личност во вашата околина за време на викендот.

Здравје

Несоница.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (11.12. – 17.12.2017)
Следна објаваChristian Louboutin – Колекција на чевли инспирирана од Војна на ѕвездите!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР