Пушењето е една од најопасните навики што може да се има, бидејќи има негативен ефект врз здравјето и внатрешни органи. Иако повеќето пушачи се свесни за овие факти, тие не престануваат да пушат. Пушењето е зависност и како и секоја друга зависност, тешко е да се реши. Но, ако одлучите да го прочистите вашето тело и белите дробови од штетни супстанци кои доаѓаат како пропратен ефект на цигарите, имаме рецепт за пијалок кој ќе ви помогне во тоа.
Неговите намирници се сосема природни и многу здрави: куркума, лук и ѓумбир.

Куркума е еден од најкорисните зачини и често се користи во кујната, но исто така и како природен лек. Таа има силни анти-вирусни, анти-туморни и антибактериски својства и е богат извор на витамини, минерали и хранливи материи. Лукот исто така, има силни антибактериски и анти-туморски својства, а ѓумбирот има силен ефект врз смирувањето на желудникот, детоксикација на телото и го регулира задржувањето на водата.

состојки:

2 лажички куркума
400 гр. лук
ѓумбир корен
1 литар вода
стевија, мед или јаворов сируп

Ставете ја стевијата ( медот или јаворовиот сируп) во вода да се раствори и загревајте на средна топлина. Додадете го сецканиот ѓумбир и лук, а потоа додадете ја водата и оставете да проврие. Додадете ја куркумата, намалете ја топлината и оставете ја мешавината да врие 30 минути. Потоа, оставете ја смесата да се излади и ставете ја  во фрижидер.

Земајте 2 лажички мешавина наутро и 2 навечер, а по неколку денови ќе забележите значителна промена.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваNancy Da Campo | Фотографии од речиси совршен ентериер
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (11.12. – 17.12.2017)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР