Кое движење ја одбележи 2017 година?

#MeToo движењето беше заслужно за кревањето на вербален бунт против сексуалните злосторници, движење кое охрабри толку многу луѓе да зборуваат и да споделуваат толку непријатни искуства со цел да го кренат гласот на сите жртви од сексуалното злоставување.

Насловната фотографија на TIME ги прикажува петте проминентни жени во движењето, Ashley Judd, Taylor Swift, Susan Fowler, Adama Iwu и Isabel Pascual (чие име беше променето за да се заштити нејзиниот идентитет). Доколку забележавте, на десната страна од масата има потпрен лакт од непозната индивидуа, но тоа не е грешка. Тој лакт припаѓа на сите оние тивки индивидуи, жени и мажи, кои сеуште го немаат кренато својот глас и ги охрбрува да застанат цврсто зад себе и да си ја вратат моќта назад, со моќта на својот глас!

„Прекршувачи на тишината“ (silence breakers) беа наречени сите оние жени и мажи кои прозборија јавно за оваа проблематика и едногласно се согласија дека е веќе време да се стави крај на безобразлукот и суровоста на сторителите!

Погледнете го видеото на највлијателните учесници во #MeToo.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗлато и сребро за шик празнична атмосфера!
Следна објаваAdam Freundlich | Ромаската Орадеја под магла
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР