Во денешниот свет, технологијата се развива со зачудувачко темпо, кога само ќе се сетиме дека пред неколку години користевме мобилни телефони на преклоп, касети, дигитални фотоапарати и така натаму, а денес сетоа тоа е древна историја.

Не сме точно сигурни какви се иновативни идеи ја носи иднината и не знаеме дали сето тоа ќе ни се допадне, но напредокот не може да се избегне. Малку истражувавме и најдовме неколку работи и апарати за кои би можеле да кажеме дека повеќе нема да се користат во блиска иднина.

Новини и магазини

Нивната употреба во секојдневниот живот значително падна со напредокот на технологијата и интернетот, па така луѓето весниците и списанијата ги заменија со интернет портали и веб-страници.

Дигитални фото апарати

Речиси скоро никој и да не ги користи старите фотоапарати, затоа што во последно време сè може да се сними на паметните телефони кои имаат резолуција на HD камера.

Хард диск

Наскоро, хард дисковите ќе бидат нешто од минатото, а податоците ќе се чуваат исклучиво “во облак” или на icloud.

Мапи и GPS

Се сеќавate ли на времето кога немаше GPS? Кога повеќе пати сте погрешиле и во погрешен правец сте свртеле, се додека не ја пронајдете вистинската адреса, или ако сте патувале на подолг пат и повеќе пати сте морале да ја отварате големата хартиената карта?

Наскоро, овие мапи ќе бидат целосно неупотребливи, затоа што сега на сите мобилни телефони и таблети е достапен GPS уредот.

Факс машина

Ајде да бидеме реални, оваa машина требаше одамна да исчезне. Со оглед на тоа што денес постојат многу поедноставни начини да се испратат документи, бидејќи сето тоа главно се одвива преку Интернет, новата генерација веројатно нема ни да знае што е тоа факс машина.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава2017 Siena Int. Photo Awards | Најдобрите фотографии за оваа година
Следна објава2017 Fashion Awards: најдобрите модни комбинаци на црвениот тепих!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР