Почитувани,

Чест ни е да ве поканиме на промоција, дружење и потпишување на книгата „Мали огласи и уште по нешто”, од авторот Дејан Алексиќ. Промоцијата ќе се одржи во среда, на 6 декември, во книжарницата „Литература.мк” со почеток од 19 часот.

На настанот ќе присуствува и авторот Дејан Алексиќ, а ќе гостуваат и актери од Театарот за деца и младинци, кои ќе читаат извадоци од книгата.

    Мали огласи и уште по нешто
Автор: Дејан Алексиќ
Препев: Владимир Мартиновски
Илустратор: Александра Филипоска
Промотор: Оливера Ќорвезироска
Литература.мк, ул. Македонија 21, Скопје
6.12.2017 (среда), 19:00

Краток опис на книгата:

Мали огласи, жалби и тужби, вести и необична мода – сето ова е дел од оваа забавна книга на приказни во стих, од кои ќе се тресете од смеа. Мустаќи кои преку оглас бараат нов сопственик и едно голобрадо лице кое се јавува на огласот; радијатор кој се жали на луѓето кои ја мразат зимата и едвај чека топлиот декември да му ги згрее ребрата; вест е дека една кобила му го заробила срцето на расниот коњ, а жирафата е доказ дека високата мода може да оди на четири нозе…

Со своите „Мали огласи”, Дејан Алексиќ ќе го допре и најзаспаниот нерв на секој што длабоко во себе е дете и ќе го подигне да ги согледа и да ги поврзе односите во калеидоскопското шаренило на фантазијата и реалноста.

Мали огласи е добитник на наградата „Доситиеево перо” во категоријата изданија за млади.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗаврши јубилејното прославување на Скопје постер фестивалот
Следна објаваFashion Group започнува со онлајн продажба на своите брендови
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР