Изборот на подароци, како и завиткување во декоративни обвивки треба да дојде од срцето, особено за време на празниците. Наместо да ги завиткувате подароците во продавница, со малку напор внесете ја вашата личност во нив.

Интересна и привлечна хартија за завиткување, природни материјали и мали пораки полни со љубов ќе ги надмине сите очекувања на луѓето што ќе одберете да ги дарувате. Ние денес ви претставуваме три идеи на пакување за новогодишните и божиќните подароци, за кои вашите најмили ќе ви бидат благодарни.

1. Природни материјали
Скапата декоративна хартија и украсните додатоци, оваа зима заменете ги со природни и едноставни материјали. Изберете рециклирана кафена хартија, а подароците украсете ги со билки кои можете да ги најдете насекаде во вашата околина.

Суви гранчиња од стебла или гранчиња со неколку зелени листови, ќе му дадат на  подарок интересна нота.

2. Мали пораки
Персонализирајте ги вашите подароци додавајќи кратка порака покрај секое име. Вие сте таа која најдобро ги познава вашите сакани и изберете кратка порака за секого.

Не размислувајте премногу, неколку зборови се сосема доволни.3. Нежни пастелни бои
Сонот на секоја девојка. Развеселите ја вашата најдобра пријателка и остатокот од женскиот клан со деликатни розови подароци.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКое руменило да се одбере – во крем или во камен?
Следна објаваH&M: ова е најубавата новогодишна кампања до сега!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР