Дали знаете кои женски парфеми најмногу им се допаѓаат на мажите, а кои ги одбиваат?

Парфемите имаат тенденција да заведуваат и одбиваат. Повеќе отколку што сакаме да признаеме, ние сме суштества на хемијата. Мирисите играат клучна улога во изборот на вашиот партнер и тоа верувале или не, иако несвесно, првиот впечаток што еден маж ќе се стекне за вас е – како мирисате.

Можеби не сте свесни дека силниот парфем и облакот што ги оставате зад себе на првиот состанок, може да остави сосема погрешен впечаток за вас, толку силен – што мажот што ви се допаѓа, можеби никогаш нема да ви се јави.

Мажите навистина не сакаат силни и тешки парфеми. Повеќето луѓе сакаат лесни женски парфеми со малку состојки во базните ноти.

Од друга страна, мажите сакаат да ги почувствуваат на жената слатките и цветни ноти  како и овошните ноти. Па така, парфемите што содржат ванила, цимет, орхидеи, авокадо, праска, карамела и кокос, предизвикуваат во нив желба да се однесуваат кон жената заштитнички.

Според истражувањата на Универзитетот во Чикаго, парфемите што содржат ванила, лаванда или цимет, можат да ја направат жената автоматски привлечна за мажот.

Неврологот Алан Хирш од наведениот универзитет вели дека овие состојки на еден маж му ја стимулираат имагинацијата.

Парфеми кои припаѓаат на оваа категорија се Prada – Candy, Lancome – La nuit Tresor, Escada-Born in Paradise, C.Herrera- Good Girl, Nina Ricci – Nina, Balenciaga – Rosabotanica…

На мажите посебно атрактивни им се  парфемите кои испуштаат чувство на чистота и свежина, бидејќи ја поттикнуваат нивната имагинација да размислуваат за жената која се тушира, но исто така и за жена која нема многу облеки на неа. Парфеми од оваа категорија се: DKNY – Be delicious, Prada – Infusion d’Iris, Bvlgari – Omnia Amethyste, Hermes – Jour d’Hermes …

Тие, исто така, сакаат парфеми кои содржат цитрусни ноти и бели цветови. Овие парфеми вклучуваат нероли, грејпфрут и јасмин. Парфемите од оваа категорија се: Dolce & Gabbana – Dolce, Bvlgari – Jasmin Noir, Cacharel – Amor amor, Tom Ford – Soleil Blanc,  Burberry – The beat …

Сето ова, се разбира, се однесува на фактот дека исто така и вам ви се допаѓаат некои од мирисите споменати погоре и дека се согласуваат со вашиот стил, личност и начин на живот. Важно е да се носи парфем кој пред се вам ви е сензуален. Само тогаш сте уште поубави и заводливи.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Гответе насмеани“ – промоција на првиот готвач на Dave’s Kitchen!
Следна објаваТажната слика на денешното општество преку илустрации
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР