Многубројните љубители на овој авангарден креатор кој е познат по израбоката на  секогаш драматични дизајни, со сигурност ќе бидат воодушевени поради најавената аукција на накит која ја најави аукциската куќа Sotheby’s .

Посебно впечатливи се парчињата на накит кој биле направени во соработка со Shaun Leane, а кои за прв пат ќе бидат презентирани на јавноста во Њујорк овој месец.

Аукциската куќа Sotheby’s , како и секогаш ја препозна величината на овие вон времески дизајнерски парчиња и се одлучи да направи аукција по тој повод. Тука треба да го споменеме фактот дека во оваа пригода ќе бидат изложени уникатни примероци на накит и корсети создавани во доцните деведесети години од минатиот век.

“Во оваа колекција е содржана еден вид на недостижна креативна слобода каква што денес е незамислива”, ќе рече за оваа пригода Shaun Leane.

Најавената колекција несомнено ќе стане инспирација за многу приватни колекционери, музеи како и културни институции, секако, поради својата уникатност и неповторливост во изработка.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбави градови како од бајките!
Следна објаваНауката потврди: Луѓето кои пијат џин се повеќе секси!
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР