Пред неколку години се појави тренд кој жените го обожуваа или го мразеа, плишани тренерки. Тренерките главно беа со потпис од брендот Juicy Couture, а со текот на времето се појавија копии и варијанти на други брендови.

Ни пристига серија за брендот Juicy Couture

Основачите на брендот Juicy Couture, Pamela Skaist-Levy и Gela Nash-Taylor во 2014 година, напишаа книга “The Glitter Plan”, во која се опишува како само со 200 американски долари ја стартуваа компанијата, која стана вистинско модно царство!

Сега, 3 години подоцна, Кanal E! објави дека ќе сними серија во која основачите на брендот ќе зборуваат за своите авантури. Иако не е потврдено кога серијата ќе почне  да се емитува, се шпекулира дека насловот на серијата ќе биде “Juicy Stories”, а  продуценти на серијата сем основачите на бендот се и Michael Patrick King и Amy B. Harris.

Да се потсетиме на плишаните тренерки од овој бренд кој го носеа сите sвезди…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАко барате инспирација за претстојните празници, тогаш сте на вистинското место!
Следна објаваКако да го зачините стајлингот со црни пантолони!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР