Подготовките се во тек за зградата која ќе стане најголем хотел во форма на гитара, како дел од Seminole Hard Rock Hotel & Casino.

Плановите за оваа зграда беа откриени на голема забава со огномети и гитари. Новиот хотел со 638 соби, ќе биде вистински спектакл за секој кој ќе може да го види. Дизајниран како две гитари кои се потпираат едн на друга, овој хотел ќе има висина од 140 метри, во кој ќе има огромен спа комплекс. Смелиот дизајн на хотелот е визија на James F. Allen, извршен директор на Seminole Gaming и претседател на Hard Rock International.

Отворањето на овој хотел е закажано за 2019 година, а трошоците за изградбата ќе достигнат 1,5 милијарди долари. Покрај гитарите, гостите на овој хотел ќе можат да го поминат своето време во новиот комплекс со базени.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКонцерт на Рамбо Амадеус и неговиот секстет
Следна објаваИлустрација | Убавината е во малите нешта
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР