Десет години подоцна на осми овој месец и конечно се реализираше проектот за  изградба на музејот “Louvre” во Abu Dhabi. Градот-музеј е дело на познатиот архитект Jean Nouvel кој пак се оствари како резултат на договор помеѓу арапската и француската влада во 2007 година.

Здружението на француските музеи,(France museums) е задолжено да ги надгледува француските уметнички дела кои се тука дадени на позајмица, вклучувајќи посебна експертиза за тоа. Интересно е да се спомене дека за разлика од другите светски музеи Louvre во Abu Dhabi има за цел да ги негува заедничките цивилизациски уметнички придобивки.

Изградбата на музејот чинеше 450 милиони долари, а свечено беше отворен од страна на францускиот претседател Макрон и лидерот на арапските емирати Мухемед Ал Зајед. На отварањето беа изложени 300 уметнички вредни дела. Зданието го сочинуваат 55 одвоени згради. Пречникот на куполата изнесува 180 метри и го  прекрива скоро целоит комплекс. Во продолжение погледнете како изгледа  сето тоа. Величествено, зарем не?

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР