Покрај основниот модел на Неделата на дизајн во Скопје кој претставува епицентар на сите збиднувања во контекст на дизајнот воопшто, експо елементите, вмрежувањето, создавањето на еден поинаков контекст на секој производ, културолошкиот сегмент и забавата, има уште еден дополнителен сегмент кој само дава потврда за тоа што е постигнато до моментот на изложување. Наградата Најдобар млад бренд од Македонија е нешто која втора година по ред се доделува на грижливо одбран бренд од страна на четиричлено жири.

Критериумите секогаш варираат, од креативност, до употребливост на брендот, неговата идна вредност во контекст на развој, можен пласман и развој. Оваа година го избравме Пастело, дефинитивно нешто кое претставува финализиран производ кој допрва ќе зема замав на пазарот во Македонија, но и надвор. – изјави Александар Велиновски директор на Неделата на дизајн во Скопје

Пастело е млад бренд во Македонија, мала компанија составена од ентузијасти од Куманово. Инспирацијата потекнува директно од “звукот на материјалите”, спојот помеѓу дрво, челик и јаже. Финалниот производ е безвременски одржлив дизајн на елементи за осветлување и мебел.

Градење на еден бренд значи вбризгување на еден вид персоналити инженеринг преку кој тој добива свои особини и на  тој начин автентично комуницира со својата публика. Оттука, ПР агенцијата Навигаторс за Пастело, обезбедува едногодишна консултантска поддршка во областа на маркетингот, бесплатна комуникациска стратегија и едномесечна кампања.

Со оваа последна активност, заврши седмото издание на Неделата на дизајн во Скопје каде земја во фокус беше Унгарија.

Наредното осмо издание е веќе будно се подготвува, а земја во фокус за 2018 година е Германија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмски театар (27.11. – 03.12.2017)
Следна објаваБлизнаци го тестираа iPHONE X, дали е доволно паметен за да ги разликува?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР