Да ли сте подготвени за прaзничната свечена сезона пред нас?

Можеби Новата Година и Божиќ сé уште ви изгледаат многу далеку, но верувајте, празници ќе дојдат многу бргу и ќе нѐ изненадат. Затоа ве советуваме да размислите на време, за украсување на вашиот дом, подготовките за подароци и сите други работи што ве прават среќни.

Празниците се време резервирано за семејствата и луѓето кои се ви се драги, па затоа веруваме дека сакате да им дадете можност да уживаат во вашиот амбиент, кој ја одразува топлината и удобноста на домот.

Во времето на празниците, па дури и со промената на годишните времиња, нашите домови имаат сосема поинаков изглед и атмосфера, зрачат со сосема поинаква енергија што ги привлекува луѓето и ги прави среќни.

Без разлика дали имате семејство и деца или живеете сами, убаво украсениот дом за време на празниците е нешто што ќе ве наполни со позитивност и ќе ви даде воља да ги испочитувате своите новогодишни одлуки , но исто така и да уживате во времето што останува до крајот на оваа година.

Почувствувајте ја аромата на црвениот амарилис, зелените бобинки и белиот зумбул, бидејќи овој пат, H & M Home се инспирирани мистериите на конзервациите. Колекцијата е рустикална и содржи темно зелени тонови, класични дезени во стилот на празникот, снежни пејсажи проткаени со штрас и злато.

Разгледајте ја нашата галерија и пронајдете инспирација за вашата празнична декорација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 27.11 – 03. 12. 2017 година!
Следна објаваРакавиците се дел од најубавите зимски модни додатоци!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР