Иако традиционално елките се украсуваат за пречекот на Новата година, некои се уште ја следат таа традиција, меѓутоа, сé поголем е бројот на луѓе кои почнуваат да ги декорираат своите домови од крајот на ноември.

“Во светот полн со анксиозност и стрес, луѓето сакаат да се дружат со работи и ситуации кои ги прават среќни. Новогодишните и божиќните украси, предизвикуваат чувства на детство и негрижа и се едноставен пат до детските среќни емоции “, вели психоаналитичарот Стив МекКоун.

Психотерапевтот и авторот на „13 Things Mentally Strong People Don’t“, Amy Morin, исто така верува дека носталгијата е активатор кој ги буди чувствата од минатото, а божиќните украси се еден од најдобрите начини за враќање во детството.

Ние апсолутно се согласуваме дека украсениот дом е извор на среќа и позитивни мисли, а празниците се шанса и да ги видиме најблиските, кои со денешниот начин на живот преполн со деловни обврски не ги гледаме често, а ова е најубавиот подарок што можеме да го добиеме за Нова година и Божиќ.

Освен тоа, малите лампички, свеќички и разни новогодишни и божиќни украси, на сите ни будат убави и топли чувства!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВикендов на Неделата на дизајн во Скопје – Дизајн размислување за деца и за наставници
Следна објаваКапа: ја чува главата и е најадобар моден додаток!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР