Зимата е навистина возбудливо време. Снегот, празниците и целата еуфорија во продавниците! Но, што е со оние кои не се големи фанови на зимата и сакаат слободните денови да ги поминат под топлото Сонце, со коктел во рака и добра книга?

Без грижи, ние сме тука да Ви ги препорачаме најубавите сончеви дестинации за време на зимските месеци!

Image may contain: drink, table and indoor

Белиз

Дозволете да Ве одведеме во независната држава во Средна Америка, Белиз. Совршено место за да избегате од ниските температури, да уживате во сончевите денови додека ги истражувате археолошките остатоци на Маите. Потоа, по напорниот ден заслужено да се релаксирате нуркајќи во тиркизната вода на „Great Blue Hole“. Додека сте таму не ја пропуштајте шансата да ги пробате најразновидните тропски коктели, по кои Белиз е познат!

Image may contain: sky, cloud and swimming

Image may contain: sky, cloud, grass, tree, mountain, plant, outdoor and nature

Image may contain: plant, sky, tree, outdoor and nature

Сан Антонио, Тексас

Доколку бегате од студот, а сакате да ја почувствувате традиционалната магија на Божиќ, тогаш Сан Антонио е Вашиот избор. За време на празниците се е толку убаво декорирано, особено фаворити се светулките распрскани низ River Walk! Ако планирате да си го продолжите одморот до крај на зимата, задолжително посетете го фестивалот на старомодното родео!

Image may contain: outdoor

Image may contain: outdoor

Оман

Оман е совршено место за сите оние кои не можат да го поднесат снегот. Пустините од Оман, дуните на Wahiba Sands, огромниот кањон на планините Al Hajar ќе Ве одведат во магичната приказна на 1001 ноќ. За љубителите на архитектурата е повеќе од задолжително да ги посетат Куќата на опера Мускат и Големата Џамија.

Image may contain: sky and nature

Image may contain: mountain, sky, outdoor and nature

Image may contain: sky, beach, mountain, nature and outdoor

Image may contain: night, sky and outdoor

Image may contain: sky and outdoor

Мадеира, Португалија

Актуелни преку целата година, овие субтропични острови ќе Ве воодушеват со природните пејсажи, квалитетните винарии и вкусната храна. Мадеира е вистинското место каде солидно можете да ја спознаете португалската култура. Освојувајќи го Гинис во 2007 за најубав огномет, во ова место се чека Нова Година со многу стил и уште повеќе музика!

Image may contain: fireworks, sky, night and outdoor

Image may contain: sky, cloud, mountain, outdoor and nature

Image may contain: sky and outdoor

Image may contain: house, sky and outdoor

Свети Мартин

Островот кој е поделен меѓу Франција и Кралството Холандија се наоѓа во североисточно Карипско Море. изобилува со совршени пространи плажи кои го одземаат здивот.

Image may contain: sky, mountain, cloud, ocean, outdoor and nature

Image may contain: ocean, sky, cloud, water, outdoor and nature

Image may contain: ocean, sky, cloud, mountain, outdoor, water and nature

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР