Јубилејниот 10. Скопје постер фестивалски конкурс за студентски плакат на тема „Вештачка реалност“ ги надмина очекувањата. Пристигнаа плакати од 68 држави ширум светот. Се повеќе факултети се заинтересирани за воведување на Скопје постер конкурсот во рамки на своите наставни програми, а забележан е и зголемен интерес за изложување на плакатите кои се дел од изложбите во рамки на сопствените галериски простори.

Комисијата составена од пет меѓународни судии: Алис Твемлоу (Велика Британија), Лекс Древински (Полска), Лех Мајевски (Полска), Свен Сориќ и Хрвоје Спудиќ од дуото This Town Needs Posters (Хрватска), Лазе Трипков (Македонија). За претседател на жирито беше избран Реза Абедини (Иран). По четричасовното жирирање ги додели десетте награди.

Добитници на две главни награди од ист ранг се Јакуб Собчак (Полска) и Дарја Грекова (Русија). Специјалната награда од жирито беше доделена на Шаро Лехофер (Унгарија), а специјалната награда за македонски плакат ја доби Анастасија Јовческа.

Почесни признанија добија Паскал Бежин (Канада), Каролина Лубашко (Полска), Емоке Питер (Унгарија), Јин Веи (Кина), Павел Головиј (Полска), Пиотрек Пиетшак (Полска).

Во гранд-финалната изложба на 100-те финалисти од 10. Скопје постер фестивал учествуваат плакати на 100 финалисти од над 20 земји, меѓу кои и 4 дела на македонски автори.

Фестивалските денови продолжија со презентации и дополнителни консултации за учесниците на работилниците од реномираните предавачи на следните теми: „Калиграфија и плакат“ под менторство од Реза Абедини и „Знаци и предупредувања – Lex is More“ предводена од Лекс Древински.

Заклучок од панел дискусијата на тема „Дизајн за социјална инклузија“ со учество на министерот за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска, заменик постојаниот претставник на UNDP, г-ѓа Нарине Сахакјан и заменик шефот на Амбасадата на Швајцарија, г-дин Стефан Томаџиан е дека дизајнот може и треба да влијае врз подобрување на квалитетот на живеењето на луѓето со посебни потреби и маргинализираните групи. На Дизајн конференцијата на тема „5 искуства за успешен графички дизајн“ гостите на јубилејниот 10. СКПФ фестивал претставија примери како да се биде успешен графички дизајнер и беа претставени различни стилови на работа и делување во светот на дизајнот.

Изложбата на плакати во Музеј на Град Скопје ќе биде поставена до 01 декември. Освен главната изложба во Музеј на Град Скопје, може да се посетат поставките на Современ македонски плакат (Twins), Специјална селекција на дела од жирито (Four Restaurant).

Како последна од низата јубилејни настани, денес во 21 часот во Брик Бар, ќе биде отворена изложбата на дела од 20 учесници на гореспоменатите работилници.

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФилм со моќна еко-порака „Земјата од иднината” најдобар на осмиот „Мобил фестивал“
Следна објава#Divianarts | Христина Трајкоска фото на неделата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР